„Украина, Љубов и Војна“ изложба на фотографии од Украина во Белград во организација на Фондација Отворено општество

од Milan1
9 прегледи

„Украина, Љубов и Војна“ е изложба која минатата недела беше отворена во Белград, Република Србија каде се изложени 50 фотографии направени во периодот од 2014 до 2024 година.

Изложбата е инспирирана од истоимената книга издадена од организацијата Фото Евиденција која претставува сведоштво за разорувачкото влијание на руската агресија врз украинското општество, забележано преку објективот на 95 меѓународни фоторепортери/ки.

Светлана Бацеванова, извршна директорка на ФотоЕвиденција и кураторка на изложбата, вели дека љубовните приказни во книгата „Ukraine: Love+war“ претставуваат светли точки во најмрачните времиња.

-Патувавме со оваа изложба во различни европски држави за да им помогнеме на луѓето да го разберат подобро фактот дека Украина веќе ја нема во медиумите. Факт е. Но факт е и дека Европа треба да продолжи да ја поддржува Украина, и тоа е исто така важно. И затоа решивме да ја донесеме оваа изложба, да патуваме, и луѓето да разберат што значи да си сега во Украина. Верувам дека во оваа изложба постојат фотографии кои можат да предизвикаат сочуство, можат да предизвикаат тага, но можат да предизвикаат и поттик. И како што можете да видите ја нарековме изложбата љубов и војна. Бидејќи постои војна, застрашувачки е. Но другото нешто што го гледаш освен војната е љубов – вели таа за порталот Трн.мк.

Фотографите вклучени во проектот велат дека покрај војната на фронтот, украинското општество води и „информативна војна“ со цел да добие разбирање од целиот свет.

-Ако луѓето кои ги фотографирате умрат, прво што треба да направите е да им ја дадете фотографијата на семејството, затоа што тоа е последниот спомен од таа личност. Ако сте сведок на убиство, навистина е комплицирано, но вие сте фотограф и си ја работите работата и покрај тоа што е тешко треба да се фокусирате на вашата работа и да се трудите да не гледате поинаку на тоа што се случува. Ако почнете да гледате поинаку нема да можете да го сработите. Треба само да се фокусирате и да го одработите, вели за Трн фотографката Гаел Гирберс.

За тоа колку е тешко да се биде репортер на бојното поле, за Трн.мк раскажа новинарот и фотографот Евгени Малолетка.

-Моја работа е да прaвам фотографиии да ги покажам фотографиите на светот. Да бидам гласот на народот, затоа што мислам дека документите на воените злосторства во војната мора да се документираат колку што може повеќе, затоа што иако не е праведно за сите оние кои се убиени, кога сите овие фрагменти од војната ќе се соберат и луѓето нема да го заборават ова, затоа што фотографиите остануваат со нас засекогаш. Сме биле сведоци на многу работи. На смрт, на повреди и сето тоа влијае на нас и на луѓето кои работат со траума, физичка или ментална траума. Работиме на првата линија на фронот и гледаме се со свои очи и војната влијае на нас, но имаме мисија и секојдневна задача да продолжиме да им кажуваме на луѓето дека војната продолжува и трае и сите овие слики фотографии и видеа помагаат да не се заборави, кажа тој.

Изложбата е организирана од Фондацијата за отворено општество која е меѓу првите фондации кои ја поддржале Украина уште од 1991 година, кога Украина стана независна држава и кога новооснованата украинска демократија имала потреба од зајакнување.

Слични содржини