Кумановка нова жртва на биткоин измамите, останала без 88.338 денари

од Milan1
29 прегледи

59–годишна кумановка е нова жртва на се позачестените измами поврзани со криптовалути односно со биткоини. Таа била измамена за 88.338 денари.

Од СВР Куманово велат дека вчера жена пријавила дека на телефон и се јавило лице претставено како вработен во „агенција за биткоини“, кое ја информирало дека на сметката има биткоини во вредност на 900/000 денари. За да ги подигне, од неа се барало само да ја прати нејзината трансакциска сметка на која ќе и бидат префрлени парите.

Измамената набрзина подигнала кредит, кој веднаш и бил повлечен од сметката без да добие надомест за биткоините.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини