Скопјанец се претставил како вработен во банка, побарал код и измамил едно лице за 683.000 денари

од Milan1
41 прегледи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Р.С.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама”.

Пријавениот, претставувајќи се како вработен во банка, исконтактирал друго лице и го довел во заблуда да му го даде кодот кој пристигнал на неговиот мобилен телефон заради наводно ажурирање на податоци, при што го оштетил за 683.000 денари.

Слични содржини