(ВИДЕО) Што е познато за „Орешник“, новото оружје на Русија, која го употреби во Украина

од Milan1
151 прегледи

Станува збор за интерконтинентална балистичка ракета, а истата од претходно е позната и како РС-26 „Рубеж“. Според првиот човек на разузнавачката служба на Украина, Кирил Буданов, пак, „Орешник“ е само шифра, а самиот балистички ракетен систем со долг дострел е наречен „Кедр“ и носи нуклеарна боева глава.

Ракетата е развиена од Московскиот институт за термотехника, а е базирана на претходниот модел РС-24 „Јарс“, но со пократка должина и помал број фази. Долга е околу 12 метри, со дијаметар од 1,8 метри и тежина од 36 тони.

Таа може да носи боеви глави со тежина до 800 килограми, вклучувајќи и повеќекратни независно насочени боеви глави (MIRV). Дизајнирана е за мобилно лансирање, што ја прави потешка за откривање и неутрализирање.

Класифицирана е како интерконтинентална балистичка ракета со опсег до 5.800 километри, но може да се користи и како ракета со среден дострел при носење на потешки боеви глави.

Може да достигне брзини од неколку километри во секунда, што значи дека од Русија до Дњепар, кој е оддалечен околу 700 километри од границата, би стигнала за помалку од 10 минути.

Првото успешно тестирање на оваа реката се случило во 2012 година, но ракетата никогаш формално не влегла во оперативна служба, а шест години подоцна проектот е затворен.

Најверојатно во меѓувреме, Русија сепак го завршила развојот на оваа ракета.

Слични содржини