Британија нуди 200.000 фунти за преговарач што би ги обновил врските со ЕУ

од Milan1
40 прегледи

Владата на Обединетото Кралство ќе ангажира нов преговарач за да ги „ресетира“ односите со Европската Унија, од која се раздружи во 2020 година.

Во огласот за позицијата се наведува дека се настојува да се подобрат односите на владата во Лондон со Европската Унија и да се обноват преговори за „главните британски интереси“, при што се спомнати трговијата, безбедноста и заштитата на границите.

Премиерот Кеир Стармер се посвети на надградување на односите со Европската Унија, со настојување да издејствува поповолен договор за трговија од оној што при крајот на 2020 година го постигна поранешниот премиер Борис Џонсон. Тоа, според Стармер, не значи „поништување на брегзит“.

Платата за преговарачот ќе биде меѓу 153.000 и 200.000 фунти годишно.

Слични содржини