Во текот на ноќта руските сили извршија 200 удари врз девет населени места во областа Запорожје, соопшти шефот на Регионалната воена управа Иван Федоров.
Според него, на ова подрачје биле истрелани 107 беспилотни летала и 88 артилериски гранати, а оштетени се десетина станбени згради и инфраструктурни објекти.
Федоров истакна дека десетици дронови „шахин“го гаѓале Запорожје во текот на ноќта, пренесува Укринформ.
-Повредено е едно дете, а како што информираат од Здравствената служба се работи за тринаесетгодишно момче. Лекарите укажале помош на лице место. Не беше потребна хоспитализација – истакна Федоров.
Операторите на беспилотни летала (UAV) на рускиот центар за напредни беспилотни технологии „Рубикон“ ги уништија возилата на Вооружените сили на Украина во правец на Курск, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Извидувачките беспилотни летала на експерименталниот центар за напредни беспилотни технологии на руското Министерство за одбрана „Рубикон“ открија возила кои учествувале во трансферот на воен персонал и оружје на вооружените сили на Украина. Податоците од откриените цели брзо се пренесени на ударното оружје – се наведува во соопштението.
Забележано е дека е уништено возилото наменето за евакуација на војниците и камион на украинските сили.
Руското Министерство, исто така, објави дека силите за воздушна одбрана пресретнале и уништиле 23 украински беспилотни летала (UAV) над руските региони во текот на ноќта.
– Кога режимот во Киев се обиде да изврши терористички напад со употреба на беспилотно летало врз објекти на територијата на Руската Федерација, дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија и пресретнаа 23 украински беспилотни летала – забележува Министерството.
Тие појаснија дека осум беспилотни летала се уништени над територијата на Калушка област, седум над територијата на Курската област, пет над Брјанск и три над Белгородската област.