(ВИДЕО) Најубавата празнична елка блесна во Париз

од Milan1
21 прегледи

Трговскиот центар „Галерија Лафајет“ во Париз секоја година ги воодушевува луѓето ширум светот со својата раскошна божиќна елка и прекрасните празнични декорации на големите прозорци. Па, така и годинава, уште еднаш докажа дека најголемата празнична еуфорија во Париз може да се почувствува токму тука.

Имено, прославата на божиќните празници во „Галерија Лафајет“ е многу стара традиција.

Првото празнично украсување на излозите на продавниците се случило во 1912 година, пишува „Сортира“. Само неколку години подоцна, првата божиќна елка била поставена среде трговскиот центар. Со секоја измината година, елката станувала сѐ пораскошна и сѐ поукрасена.

„Божиќните прослави започнаа со годишната интерна божиќна забава во 1920 година. Вработените во трговскиот центар беа поканети со своите деца, да дојдат и да уживаат во шоуто на сцената и да се восхитуваат на божиќната елка која беше поставена под прекрасната купола“, пишува на веб-страницата на „Галерија Лафајет“.

Оваа прослава била толку драгоцен момент за вработените, што решиле да премине во традиција. Со текот на времето, интерната божиќна забава за вработените преминала во еден од најголемите божиќни настани во Париз, кој привлекува туристи од целиот свет.

Слични содржини