Казахстан го истражува појавувањето на украинското знаме за време на посетата на Путин

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Казахстанската полиција го истражува краткото појавување на украинското знаме на голем ЛЕД екран во главниот град Астана, за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Казахстан, пренесе Ројтерс.

Украинското знаме накратко се појави во средата наместо руската тробојка на екран лоциран на една од главните сообраќајници во Астана, соопшти агенцијата.

Рускиот претседател веќе беше во градот и ја започна дводневната државна посета на Казахстан, а екранот набрзо беше исклучен, но фотографиите и видеата од инцидентот брзо се проширија низ Интернет.

Слични содржини