Синовите на поранешниот украински претседател Петро Порошенко, Михаило и Алексеј, се кријат од мобилизација во странство, додека нивниот татко промовира одење на фронтот, објави агенцијата „Униан“.
Михаил Порошенко, 23-годишниот син на поранешниот претседател, студира финансии во Лондон, а неговите студии чинат околу 12.000 евра, наведува украинската агенција.
Пред избувнувањето на војната, Михаил, како што додава „Униан“, бил вмешан во скандали, меѓу кои и фотографии со пријатели од Русија и одење на концерти на руски уметници.
Неговиот постар брат, 39-годишниот Алексеј Порошенко, живее меѓу Лондон и Сингапур, каде го води семејниот бизнис што му го предал татко му.
Неговата сопруга Јулија е по потекло од Санкт Петербург, а нејзините роднини имаат влијателни позиции во Русија, меѓу кои и заменик-гувернерот на Ленинградската област Дмитриј Јалов, близок соработник на рускиот олигарх Јуриј Ковалчук.