Ќе бидете изненадени од динамиката, страста и борбеноста што претстои, уште утре почнуваме со теренска офанзива, а многу брзо ќе сведочи јавноста и граѓаните ќе се уверат во капацитетите, намерата и потенцијата на новото СДСМ, истакна новата потпретседателка на СДСМ Ана Чупевска, во интервју за телевизија „Клан“.
Чупевска нагласи дека сега во СДСМ има сосема нова енергија, ново раководство е составено од млади и луѓе на средна возраст со различни профили со големи капацитети, страшно одговорни, посветени, кои не прават никаков компромис во врска со социјалдемократските убедувања, што е многу важно, во ваква ситуација.
Само што се заврши правата и клучната фаза од партиската консолидарција и тоа многу успешно, многу интензивно се работеше во овој период и тоа и ќе се продолжи уште од утре имаме теренска активност, агендата е многу захтевна, но тоа е дел кој што мора да изработи и повторно да се направи една цврста врска меѓу раководството, членовите, парламентарната група, граѓаните коишто се профилирани како прогресивен свет и сите оние коишто имаат почит и елементарна свест колку демократијата ни е неопходност во услови на разнишани безбедносни регионални, глобални па и локални димензии, рече Чупевска.