(ВИДЕО) Полицаец фрла невооружен маж од мост во Бразил

од Milan1
124 прегледи

Видеото на кое се гледа како бразилски полицаец води невооружен напаѓач до мост, а потоа го фрла од него во сиромашниот дел на Сао Паоло, ја налути јавноста во таа земја. На видеото се гледа како човекот паѓа од височина во плиток поток со заматена вода. Хоророт на мостот го забележале уште тројца полицајци, кои не презеле ништо.

Човекот бил спасен од мештаните и пренесен во болница. До вчера наутро, осомничениот полицаец е уапсен, додека 12 други се суспендирани.

Шокантното видео, кое од далечина го сними случаен минувач, предизвика бес низ Бразил и стана најстрашниот пример досега за тоа како полицијата во Сао Паоло станува сѐ понасилна кон граѓаните.

Гилермо Дерит, секретарот за јавна безбедност на Сао Паоло, еднаш рече дека „срамно е полицаец да убие помалку од три лица за пет години служба“, што имплицира дека бројот на загинати е мерка за ефикасност.

Гувернерот на Сао Паоло се соочи со притисок да го отпушти Дерито, но наместо тоа го бранеше цело време, тврдејќи дека намалувањето на грабежите покажало дека тој добро ја врши работата.

Слични содржини