Лавров: Москва со сите можни средства ќе им се спротивстави на сириските бунтовници

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва ќе ги искористи сите можни средства за да се спротивстави на сириските бунтовници Хајат Тахрир ал-Шам, пренесува РИА Новости.

Лавров пред новинарите на Форумот во Катар изјави дека офанзивата на милитантите била планирана долго однапред и претставува обид за промена на динамиката на теренот во Сирија.

„Ќе се спротивставиме на секој можен начин, ќе ги поддржиме легитимните сириски власти. Во исто време, се разбира, активно ќе ја промовираме потребата од продолжување на дијалогот со опозицијата“, посочи Лавров.

Слични содржини