250.000 богаташи ја загадија планетата исто како и 67 милиони најсиромашни

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Приватните авиони испуштија 17,2 милиони тони јаглерод диоксид во 2023 година, што е еквивалентно на загадувањето што го произведува цела Танзанија.

Студијата објавена во списанието Nature Communications Earth & Environment покажа дека во последниве години бројот на луѓе кои летаат со приватни авиони е значително зголемен и дека нивните емисии на штетни гасови се зголемени за 46% во споредба со 2019 година, пренесува АП.

Во споменатото истражување анализирани се летовите на 250.000 луѓе. Утврдено е дека нивните авиони само минатата година испуштиле 17,2 милиони тони јаглерод диоксид. Исто толку од овој штетен гас исфрли и земјата Танзанија, која има 67 милиони жители.

Овде треба да се има предвид дека јаглеродниот диоксид е гасот кој најмногу придонесува за затоплување на нашата планета. Воздухопловната индустрија е одговорна за приближно четири проценти од годишното производство на јаглерод диоксид, а приватните авиони сочинуваат 1,8% од тие 4%.

Можеби изгледа како мал процент, но овие авиони носат многу малку луѓе кои би можеле да патуваат и со комерцијални летови и на тој начин да придонесат за намалување на загадувањето. Од друга страна, комерцијалната авијација превезува голем број патници кои генерално немаат таков избор.

Слични содржини