Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска оцени дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад паднал бидејќи сите руски војници се префрлени во Украина, каде, како што рече, има речиси 800.000 и го повтори повикот за помош од западните партнери.
„Зошто ни е потребна помош и доверба од нашите партнери? Затоа што гледаме што е Украина и каква е војната во Украина. Гледаме дека режимот на Асад падна затоа што таму нема навистина моќни руски војници. Да бидеме искрени. Сите беа префрлени во Украина, сите од нив речиси 800.000 руски војници се на територијата на Украина и тоа укажува дека армијата на оваа псевдо-империја се бори против украинскиот народ“, рече Зеленски на средбата во Киев со премиерот од Естонија, Кристен Михал, пренесе Укринформ.
Тој истакна дека земјите треба да разберат дека силата на Украина зависи од тоа дали армијата во Русија е силна и додаде дека „целиот успех на светот лежи во обединувањето околу Украина“.