Израелската армија уништи најмалку шест бродови на сириската морнарица во напад на сириското пристаниште Латакија, соопшти денеска британската безбедносна компанија „Амбри“. На снимката се гледа дека еден брод на морнарицата се насукал, а пет потонале, без видливи оштетувања на инфраструктурата на пристаништето. Израелските авиони гаѓаа голем број цели во Сирија од викендот за да се осигурат дека сириската воена опрема, вклучително и борбени авиони, проектили и хемиско оружје, нема да падне во рацете на бунтовниците.
Министерот за одбрана Израел Кац изјави денеска дека израелски воени бродови ја уништиле сириската воена флота.
Турски безбедносен извор изјави дека турското разузнавање уништило дванаесет камиони натоварени со проектили и тешко оружје, два тенкови и складишта за муниција што ги транспортирала курдската милиција ЈПГ во североисточна Сирија.
Изворот рече дека вооружените сили на соборениот претседател Башар ал Асад оставиле воена опрема зад себе кога ја напуштиле областа Камишли во североисточна Сирија.