7
Руски сили убија 50 свештеници и уништија околу 700 цркви во Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски во интервју за „CB News“, а пренесува „УНН“. Како што изјави Зеленски, свештениците биле мачени затоа што одбиле да ѝ служат на Московската патријаршија.
„Многу свештеници, различни свештеници, беа заробени или убиени. Патем, убиле 50 од нив и ги убиле на различни начини. Ги има сите докази како ги мачеле“, рече Зеленски.
Според него, Русите ги мачеле свештениците само затоа што требало да му служат на московскиот патријарх Кирил и нивната црква.
Зеленски, исто така, рече дека руските сили уништиле околу 700 цркви.