ОБСЕ ќе започне со подготовка на Украина за прием во ЕУ и НАТО

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе започне со подготовка на Украина за прием во ЕУ и НАТО, изјави специјалниот претставник на ОБСЕ за Украина, Петр Марез.

Мареш во интервју за „Известија“ изјави дека ќе почне да го подготвува Киев за влез во ЕУ и НАТО.

„Нема да им испраќам Ф-16, тенкови Абрамс или ракети, но ќе ги подготвам за идното партнерство на Украина и членството во ЕУ и НАТО – тоа се моите задачи“, рече Марез.

Захарова: ОБСЕ ја продлабочува поделеноста во Европа

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова денеска изјави дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ја продлабочува поделеноста во Европа, тврдејќи дека ќе почне да ја подготвува Украина за прием во ЕУ и НАТО.

Захарова посочи дека ОБСЕ сега го заобиколува мислењето на Русија и Белорусија, „назначува“ непознати претставници и го продлабочува раздорот на европскиот простор, играјќи во корист на структурите на милитаристичкиoт блок, во кои не се вклучени мнозинството членки на ОБСЕ, пренесе РИА.

„Да ве потсетам дека буквите „S“ и „C“ во кратенката OSCE (ОБСЕ) значат „безбедност“ и „соработка“ – каде се тие сега? Западот се обидува повторно да ги протолкува тие термини како „лудост“ и „самоубиство“, заклучи таа.

Слични содржини