(ВИДЕО) Тројца загинати и десетина повредени во бомбашки напад на фестивал во Тајланд

од Илинка Илиоска
128 прегледи

Најмалку три лица загинаа, а десетина се повредени откако експлозивна направа била фрлена меѓу поеститетлите на фестивал во Тајланд, јави денеска Би-Би-Си.

Нападот се случил ноќеска пред полноќ по локално време на саемот организиран од Црвениот крст, кој секоја година се одржува во областа Умфанг во северната провинција Так.

Двајца осомничени се во притвор, но не е покренато обвинение, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на тајландската полиција. Според полицијата, експлозивната направа бил фрлена на отворена сцена на која танцувале посетителите на фестивалот.

Тајландската премиерка Паетонгтарн Шинаватра преку објава на Х изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените во бомбашкиот напад.

Таа рече дека наредила полицијата и безбедносните агенции да ги истражат причините за експлозијата и да им помогнат на настраданите. Таа нареди и зголемување на бројот на полицајци кои ќе ги надгледуваат сите фестивалски настани

Слични содржини