15
Русија планира да влијае на парламентарните избори во Молдавија во 2025 година, изјави директорот на молдавската безбедносна разузнавачка служба (СИС) Александру Мустеата.
Тој ова предупредување до пратениците го упати при претставувањето на извештајот на СИС за мешањето на Русија во претседателските избори и референдумот за пристапување во Европската унија што Кишињев го организираше во октомври, јави „Политико“.
Според него, Кремљ ќе ја користи истата тактика и на претстојните избори.