🎥Нисан и Хонда започнаа преговори за спојување во холдинг компанија

од Vladimir Zorba
5 прегледи

Јапонските производители на автомобили Нисан и Хонда денеска започнаа официјални преговори за спојување на двете компании во холдинг.

Планираниот холдинг би станал трет по големина производител на автомобили во светот по продажба, притоа зачувувајќи ги и двете познати марки, пренесува јапонската агенција Kyodo.

Како што е наведено, холдинг-компанијата би била матична компанија и на Хонда и на Нисан, кои би биле котирани на берзата во Токио, а повеќето членови на управниот одбор на новиот ентитет би биле номинирани од Хонда.

Слични содржини