(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Украински дронови камикази убиваат севернокорејски војници!

од Milan1
82 прегледи

Повеќе од 1.000 севернокорејски војници веќе се убиени или ранети во војната, процени денеска Здружениот генералштаб на Јужна Кореја (JCS).

На социјалните мрежи кружат застрашувачки видеа на кои се гледаат моментите кога тимот за специјални операции на Украина ја гаѓа позицијата на севернокорејските војници во Курск. Нападот е извршен со беспилотни летала камикази.

Драматична снимка покажува беспилотни летала кои кружат околу војниците кои се обидуваат да избегаат од отворен терен. Видеото беше споделено од Силите за специјални операции на вооружените сили на Украина на Телеграм.

За време на отворен оган уништени се 12 возила, тврди армијата, пренесува „Дејли Мејли“.

Пјонгјанг испрати илјадници војници да ги засилат руските сили, вклучително и во пограничниот регион Курск, каде што украинските сили ја зазедоа руската територија во август оваа година.

Слични содржини