Пронајдена фигура стара 7.000 години наликува на модерни прикази на вонземјани

од Milan1
154 прегледи

Археолозите пронајдоа глинена фигура стара 7.000 години на праисториско место во Кувајт, за која тврдат дека наликува на модерни прикази на вонземјани, објави денеска „Њујорк пост“.

Истражувачите од Бахра 1, праисториско место во северен Кувајт, го опишаа артефактот како „мала, фино изработена глава, со коси очи, рамен нос и издолжен череп“.

Тоа е прво вакво откритие во регионот, иако слични артефакти претходно биле пронајдени во Месопотамија и се типични за неолитската заедница „Убаида“, која се населила во Арапскиот Залив во текот на шестиот милениум п.н.е.

Тим археолози од Кувајт и Полска ја пронашле статуата во една од најстарите населби во регионот, која постоела од 5.500 до 4.900 година пред нашата ера.

„Присуството на оваа фигура на нашата локација покренува интригантни прашања за нејзината цел и симболичното, а можеби и ритуалното значење што го имаше за заедницата што живееше во оваа населба“, изјави за Дејли Меил професорот од Универзитетот во Варшава, Пјотр Биелински.

Археолозите забележале дека фигурата е изработена од месопотамиска глина, наместо од црвеникава и груба керамика често користена во античките заедници во Арапскиот Залив, што тие велат дека укажува дека Убаидите ги увезувале своите традиционални материјали во регионот.

Слични содржини