(ФОТО) Салах објави семејна фотографија со божиќна елката, бројни фанови негодуваат: „Дали уште треба да го нарекуваме Мухамед“?

од Milan1
132 прегледи

Мохамед Салах и оваа година објави семејна фотографија во божиќно издание.

Фудбалерот на Ливерпул се сликаше со сопругата и ќерките пред елката. Многумина го нападнаа во коментарите под фотографијата бидејќи Салах е од исламска вероисповед. Му пишуваат дека направил харам (арапски збор за забрането).

Неговата објава, чиј опис вели само „Среќен Божиќ“, за само 30 минути предизвика повеќе од 47.000 коментари и доби над 430.000 лајкови. Меѓу многуте негативни коментари се издвојуваат следниве:

• „Ние муслиманите ве имаме за пример, а вие вака ни возвраќате“.

• “Кој те тера да го направиш ова?”

• “Избриши го ова, Мо!”

• „Ова мора да е дел од неговиот договор…“

• „За волја на Бога, не. Објави нешто за Палестина“.

• „Брате, и коцкањето е поправедно од ова“.

• „Дали уште треба да го нарекуваме Мухамед“?

 

 

Слични содржини