Додик: Нашата политичка цел е независноста и самостојноста на Република Српска

од Milan1
24 прегледи

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, најави дека актуелната влада на Република Српска, која ја предводи, ќе продолжи со напорите за постигнување на целта, отцепување на овој ентитет од Босна и Херцеговина.

Додик, кој од почетокот на декември се опоравува по операцијата извршена во Белград, заради проблеми со хранопроводникот, заедно со своите адвокати тврди дека не е во состојба да учествува во продолженото судење што се води против него пред Судот на Босна и Херцеговина. Но, тоа не го спречи да испрати нови пораки во кои ги повторува своите стари закани.

Во интервјуто за бањалучкиот весник „Глас Српске“, Додик истакна дека тој и неговите соработници успеале да се спротивстават на сите притисоци на кои биле изложени во текот на минатата година и изрази подготвеност за продолжување на напорите во 2025 година со цел да се оствари конечната цел.

„Нашата политичка цел е независноста и самостојноста на Република Српска, и тоа е нешто што сите го разбраа“, рече Додик.

Слични содржини