(ВИДЕО) Луѓето бегаат во паника, поради закана од бомба евакуиран центарот на Лондон

од Milan1
54 прегледи

На социјалните мрежи се појави видео од луѓе кои панично бегаат по најпрометната улица во Лондон, која беше евакуирана поради закана за бомба. На  жителите им било наредено да ги напуштат зградите околу улицата „Реџент“, откако автомобил бил паркиран пред светски познатата продавница за играчки „Хамли“.

Како мерка на претпазливост, во областа се случија неколку контролирани експлозии. Кордонот полиција беше проширен за да покрие уште четири улици со пренасочување на автобуси.

– Патиштата се затворени во близина на улицата „Реџент“ и улицата „Њу Бурлингтон“ додека полицајците истражуваат сомнително возило. Полициските службеници превентивно извршиле серија контролирани експлозии – велат од Метрополитен полицијата.

Слични содржини