Луфтханза бара 10.000 нови работници

од Milan1
26 прегледи

Германскиот авијациски гигант Луфтханза денеска објави дека планира до крајот на годината да вработи околу 10.000 нови работници ширум светот, што е значително помалку отколку во 2024 година, кога оваа група вработи околу 13.000 работници, се наведува во соопштението на компанијата.

Вкупниот број на вработени во Луфтханза треба да се зголеми дури и откако ќе се одземе бројот на оние што заминуваат, рече портпаролот.

Најголемата европска воздухопловна групација според приходите, моментално вработува повеќе од 100.000 луѓе во 90 земји низ светот.

Слични содржини