13
Папата Франциск денеска повторно ја критикуваше израелската воена операција во Газа, велејќи дека хуманитарната ситуација во палестинската енклава е „многу сериозна и срамна“.
„Не можеме да прифатиме бомбардирање на цивили. Не можеме да прифатиме дека децата смрзнуваат до смрт бидејќи болниците и енергетската мрежа на земјата се уништени“, рече папата во своето годишно обраќање во Салата на благословот, пред амбасадорите акредитирани во Светата столица, пренесува Ројтерс.
Тој оцени дека заканата од светска војна е „сè поконкретна“ и го повтори повикот за прекин на огнот, ослободување на израелските заложници во Газа и доставување хуманитарна помош за Палестинците.