Украинските шпиони пресретнале разговори: Во болниците донесени 200 ранети севернокорејски војници

од Milan1
41 прегледи

Службата за безбедност на Украина повикувајќи се на пресретнат разговор на социјалната межа Телеграм објави дека деновиве во болница во близина на Москва, наводно биле донесени повеќе од 200 ранети севернокорејски војници.

Во пресретнатиот разговор, медицинска сестра од болница во регионот Москва разговара со маж за кој се претпоставува дека е нејзиниот сопруг, руски војник кој се бори во регионот Харков во Украина.

„Донесоа Корејци во нашата болница… Вчера имаше втор воз со околу 100, а денес уште 120. Тоа се веќе 200“, вели таа. „И уште колку има (на фронтот)? Само Господ знае“.

Медицинска сестра опишува како болничките одделенија се расчистуваат специјално за севернокорејските војници, оставајќи ги ранетите руски војници во полоши услови.

Медицинската сестра, наводно исто така споменува дека на болничкиот персонал им било забрането да зборува англиски со севернокорејските војници.

Киев пост објави дека „украинските одбранбени сили им нанесуваат сериозни загуби на руските и севернокорејските единици во областа Курск“.

СБУ го истражува учеството на севернокорејските војници во војната на Русија против Украина.

Слични содржини