121
Полицајци вчера го пронашле 14-годишното девојче од скопската населба Карпош, кое нејзината мајка во октомври, го пријавила за исчезнато, соопшти МВР.
„На 08.01.2025 во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош, полициски службеници ја пронашле малолетничката С.А.(14) од Скопје, за која на 10.10.2024 нејзината мајка С.А.(44) пријави дека се оддалечила од домот“, информираат од МВР.