Украина не планира да потпише никакви договори за продолжување на транзитот на рускиот гас, но ќе се фокусира на зголемување на сопственото производство на гас на повеќе од 20 милијарди кубни метри во наредните години, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал.
„Ние не планиравме и не планираме да потпишеме никакви договори за продолжување на транзитот на рускиот гас. Во исто време, ќе продолжиме да ги исполнуваме нашите обврски од Договорот за асоцијација и сакаме да останеме сигурен партнер за нашите европски сојузници, рече тој во обраќањето до пратениците на Врховната Рада, според извештајот на „Укринформ“.
Шмихал нагласи дека функционирањето на украинскиот систем за транспорт на гас, кој сега работи под нулта транзитни услови, останува важен елемент на енергетската одржливост.