(ВИДЕО): Во Лос Анџелес како да паднала атомска бомба

од Milan1
22 прегледи

Горат неколку големи пожари, од кои повеќето се уште не се под контрола, во округот Лос Анџелес. Официјалните лица потврдија најмалку 10 смртни случаи, но предупредуваат дека вистинскиот број на жртви ќе остане нејасен додека истражителите не можат безбедно да пристапат до населбите. Десетици илјади луѓе беа евакуирани, а најмалку 10.000 згради беа уништени.

Шефот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Кристин Кроули, предупреди дека силните ветрови ќе продолжат да го отежнуваат гасењето со пожарот во текот на ноќта. „Сè уште не сме надвор од животна опасност“, рече Кроули на прес-конференција.

Таа ја нагласи сериозноста на ситуацијата, велејќи дека пожарите се се уште активни и се шират под влијание на силниот ветер. „Можам да ви кажам и да ве уверам дека пожарникарите и итните служби остануваат целосно посветени на заштитата на животот и имотот. Ја повикуваме јавноста да соработува со нас и да ни помогне во овие напори“. рече Кроули.

Научниците објавија дека „историските“ пожари што го зафатија Лос Анџелес, во кои загинаа најмалку десет лица, најверојатно се предизвикани во голема мера од ветровите на Санта Ана и климатските промени, а сигурно е дека силните ветрови го оневозможуваат гаснењето и ставањето на пожарите под контрола.

 

 

Слични содржини