32
Вонредна ситуација се случила на претседателските избори во Хрватска откако маж ненадејно починал на избирачко место во Риека.
Избирачкото место веднаш било затворено, а гласањето било прекинато до завршување на постапката за отстранување на телото.
После тоа, избирачкото место повторно ќе биде отворено за гласање.
Денешниот втор круг од претседателските избори во Хрватска носи одлука меѓу двајца кандидати Зоран Милановиќ и Драган Приморац.