Сијарто: Американските санкции против НИС ќе доведат до поскапување на нафтата на европскиот пазар

од Илинка Илиоска
22 прегледи

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто денеска изјави дека американските санкции за Нафтената индустрија на Србија (НИС) може да доведат до недостиг и повисоки цени на нафтата на европскиот пазар.

Сијарто рече дека новиот пакет санкции на американската администрација во заминување предизвикува сериозни проблеми за Централна Европа, поради што унгарската влада ќе биде во тесна консултација со партнерите во регионот за да се минимизира зголемувањето на цената на горивото.

Во соопштението доставено до агенцијата МТИ, Сијарто истакна дека по воведувањето санкции против НИС, количината на сурова нафта што пристигнува во регионот може да се намали, па затоа и преработката ќе се намали, што ќе доведе до многу поголема потреба од готово, веќе рафинирано гориво, бензин и дизел масло.

Слични содржини