„Старбакс“ им порача на гостите: Нарачајте нешто или напуштете ја кафетеријата

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Американскиот ланец на кафе „Старбакс“ ги менува правилата за своите локации во Северна Америка кои им дозволуваат на луѓето да се задржуваат во кафетеријата дури и ако не нарачале ништо.

Промените, кои треба да стапат на сила на 27 јануари, претставуваат пресврт од политиката воведена пред шест години, која им дозволуваше на луѓето да се задржуваат во продавниците на „Старбакс“ и да ги користат тоалетите без да купуваат, јавува Би-Би-Си.

Овој потег е дел од стратегијата „враќање во Старбакс“, план што го објави новиот шеф на компанијата, Брајан Никол, додека се обидува да се справи со падот на продажбата.

Слични содржини