Градот Глоговек во Полска му нуди на Маск да купи замок и да го претвори во негово европско седиште

од Milan1
17 прегледи

Градот Глоговек во Полска му нуди на милијардерот Илон Маск да купи масивен замок од 13 век и да го претвори во негово европско седиште.

Градоначалникот на Глоговек, Пјотр Бујак, денеска изјави дека упатил покана до Маск и испратил писма до неговите компании во кои му нудат на Маск да го купи замокот. Цената не беше објавена, а Маск досега не одговорил на понудата.

Бујак за „Асошиејтед прес“ изјави дека видел медиумски извештаи во Европа дека американскиот милијардер бара добра локација, можеби замок во Италија, како центар за неговите операции на континентот.

„Ние не сме полошо место од Тоскана. Имаме совршена клима и ова е најдоброто место на Земјата“, рече Бујак.

Замокот Глоуни во југозападна Полска има богата историја која датира уште од средниот век. Во него престојувал и композиторот Лудвиг ван Бетовен. Глоговек се смета за идеална локација, релативно блиску до Берлин, Прага, Виена, Братислава и Варшава.

Замокот бара темелно реновирање, но нуди огромен простор за живеење и водење бизнис.

Слични содржини