Објавени првите фотографии од новиот T-Roc: Модерна еволуција на неговиот претходник!

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Volkswagen T-Roc е еден од најважните автомобили на марката, а по Tiguan, најпродаваниот автомобил на VW во светот. Исто така, T-Roc е најпродаваниот автомобил на Volkswagen во Европа.

На интернет се појавија првите фотографии од новиот модел, поточно фотографии од новиот T-Roc кои се објавени на инфозабавниот систем на возилото. Ова е вообичаена навика на производителите на автомобили кои користат различни неконвенционални начини за да ја запознаат јавноста со нов модел пред да бидат објавени официјалните фотографии.

Што има ново? Страничната силуета открива препознатливи линии, но предниот дел на возилото е повеќе сличен на новиот Tiguan, со тенки светла и LED ленти кои се движат до логото на VW. Назад, светлосниот елемент се протега низ целата ширина на возилото. Како што е стариот обичај на VW, тоа е дизајнерска еволуција на неговиот претходник. Во овој случај успешно, би рекле.

Сè уште ништо не се знае за моторите, па можеме само да шпекулираме дека T-Roc ќе има 1.0-литарски турбо бензински мотор, 1.5-литарски турбо бензински мотор и можеби 2.0-литарски турбо бензински мотор во R-изданието. Ќе видиме дали VW ќе го опреми T-Roc со хибридни системи. Се ќе биде познато наскоро бидејќи Volkswagen сигурно ќе објави се за новиот модел.

Слични содржини