Во Албанија уапсен синот на сопственикот на „Ист Гејт Мол“ Самир Мане, полицаецот кој што го апсел по неколку дена се фрлил од 11-ти кат

од Milan1
94 прегледи

Во Албанија некои медиуми пренесуваат дека синот на Самир Мане сопственикот на „Нептун“ и „Ист Гејт“ бил фатен од полицијата додека возел пијан. После три дена од апсењето полицаецот кој што го апсел се обидел да се самоубие фрлајќи се од 11-ти кат од зграда во Тирана, пренесува „voxnews.al“.

Полицаецот за среќа останал жив но медиумите во Албанија шпекулираат дали падот на полицаецот има врска со апсењето со синот на Самир Мане, Мартин Мане,

Новинарката Клодијана Лала, за телевизијата  „MCN TV“ изјави дека Спахиу пред да го изврши актот на фрлање испратил порака до својот син во која тврди дека го уценуваат од внатре, односно дека е уценуван од полициските структури, пренесува politiko.al.

Таа додаде дека Азби Спахиу бил повикан од претставници на Албанската Агенција за полициски надзор (АМП) да ги објасни причините за апсењето на синот на Самир Мане.

„Азби Спахиу беше повикан од функционери на АМП и побараа одговорност зошто е уапсен синот на Самир Мане. Тој под притисок му напишал порака на синот во која тврди дека му ја уништуваат кариерата во полициските структури и потоа го извршил делото. Не сакам да навлегувам во дискусии дали апсењето  на Мратин Мане е поврзано со фрлањето на полицаецот, но можам да ви кажам дека тоа е прашање што треба да се истражи. Ако младиот човек бил во алкохолизирана состојба, требало да биде тестиран. Да беше направен тестот, ситуацијата ќе беше сосема поинаква. Кој и поради која причина го уценувал полицаецот? Ова е прашањето на кое треба да се одговори“, рече Лала.

 

Слични содржини