Најмалку 60 луѓе загинаа, а 51 лице се повредени во пожарот кој изби во хотелот на скијалиштето на планината Болу во северозападна Турција. Исплашените гости среде ноќ скокале низ прозорците на хотелот во скијачкиот центар Карталкаја, изјави министерот за здравство Кемал Мемисоглу.
Пожарот избил околу 3:30 часот по локално време на катот на кој се наоѓа ресторанот. Заградата на Гранд Картал хотелот има 12 ката, а во моментот на избивањето на пожарот во него престојувале 234 гости.
Како што се гледа на снимките објавени на социјалните мрежи, луѓето се спасувале со спуштање по врзани чаршафи до повисоките катови на хотелот.
Инструкторот по скијање Нецми Керпечтутан изјавил дека успеал да избега благодарение на тоа што добро го познавал хотелот, додека гостите кои не се снашле толку добро имале помалку среќа.
„Луѓе викаа од прозорците „Спасете нè!“, бидејќи внатре имаше многу чад. Успеавме да извлечеме 20 до 25 луѓе“, изјави тој за телевизијата НТВ.
Причината за пожарот сè уште не е позната.