Пет илјади универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите во нивните протести и барања

од Milan1
29 прегледи

Пет илјади универзитетски професори од цела Србија досега со јавно писмо ги поддржаа студентите во нивните протести и барања, објави мрежата „Слободен универзитет“ од Нови Сад.

„Почитувани граѓани на Србија, ние, наставниците, соработниците и истражувачите на универзитетите низ Србија, цврсто стоиме покрај нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, велат професорите од универзитетите во Србија.

Тие го осудија секој обид на власта да ги заплаши учениците преку јавно споделување на нивните приватни информации, ширење невистини за нив и испраќање полицајци и агенти на Безбедносно информативната агенција на нивните адреси и на нивните родители.

На овој начин уште еднаш апелираме до надлежните органи совесно и одговорно да си ја вршат работата“, велат професорите.

Слични содржини