19
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(47) од село Шемшово, тетовско. Тој се сомничи за сторено кривично дело „лажно пријавување’’ во врска со кривично дело „грабнување“.
– Имено на 09.04.2024, пријавениот лажно пријавил дека во село Шемшово четири лица насилно го внеле во патничко возило, го однеле во с.Грчец, физички го нападнале, му барале пари, а потоа го оставиле во с.Добарец, информираат од МВР.