Израел: Осум од 33 заложници на Хамас кои треба да се ослободат се мртви

од Milan1
48 прегледи

Израел денеска соопшти дека списокот на палестинската група Хамас покажува дека осум од 33-та заложници што требаше да бидат ослободени во првата фаза од прекинот на огнот во Газа се мртви.

Портпаролот на владата Дејвид Менцер денеска изјави дека Хамас информирал дека другите 25 се живи. Израел синоќа соопшти дека добил список од Хамас со информации за состојбата на заложниците.

Израел претходно најави дека следната рунда ослободување заложници ќе биде во четврток, а потоа следната ќе биде во сабота. Досега, откако стапи на сила прекинот на огнот во неделата, на 19 јануари, имаше два круга на размена на заложници за Палестинците кои се држат во израелските затвори.

Околу 90 заложници се уште се држат во Газа.

Пред оваа објава, Израел соопшти дека верува дека најмалку 35 се мртви.

Слични содржини