89
Прес-секретарот на Белата куќа, Керолин Левит, денеска на својата прва прес-конференција објави дека беспилотните летала што летаат над североисточниот дел на Соединетите држави во последните месеци „не се непријателски“.
„Дроновите што летаа во голем број над Њу Џерси добија дозвола од администрацијата на Бајден да летаат поради истражување и разни други причини“, рече Левит читајќи ја изјавата на Трамп.
Во изминатите неколку недели, ФБИ добило повеќе од 5.000 извештаи за забележани дронови во Њу Џерси и други американски држави.