Вооружен маж, уапсен во американскиот Капитол, изјавил дека планирал да ги убие министерот за финансии Скот Бесант, министерот за одбрана Пит Хегсет и претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон.
Вооружен маж, уапсен во американскиот Капитол, изјавил дека планирал да ги убие министерот за финансии Скот Бесант, министерот за одбрана Пит Хегсет и претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон и да ја запали фондацијата Херитиџ, соопштија федералните власти.
Рајан Мајкл Инглиш од Масачусетс бил пронајден со нож и два молотови коктели вчера попладне во близина на јужната порта на Капитол.
„Би сакал да се предадам“, рекол Инглиш откако му се приближил полицаецот во Капитол на САД, се вели во записникот.
Полицијата го привела и извршила претрес при што нашла нож на преклоп, запалка и две шишиња вотка.
Инглиш ѝ рекол на полицијата дека отишол во Капитол да го убие Бесант, а потоа открил дека имал уште молотови коктели во својот автомобил.
Тој рече дека си заминал од дома во неделата со намера да ги убие Хегсет, кого го нарече „нацист“ и Џонсон, како и да ја запали фондацијата Херитиџ. Тој рече дека неговата цел била да ги „замени“ официјалните лица и да испрати порака, се вели во соопштението.