Медведев: Ако Зеленски биде реизбран, ќе продолжи да ги одложува преговорите

од Nikola Popovski
34 прегледи

Исклучително е опасно шефот на украинскиот режим Владимир Зеленски да биде реизбран на таа позиција, бидејќи тој ќе продолжи да лаже, да ги одложува преговорите и да испраќа 18-годишници во војна, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и екс-претседател, Дмитриј Медведев.

Тој потсетил дека рускиот претседател Владимир Путин вчера дал исцрпен опис на моменталната ситуација и овластувањата на властите на, според него, т.н. Украина.

Медведев повторил дека преговорите се можни, но очигледно е дека Русија е подготвена за нив под апсолутно одредени услови, бидејќи Зеленски е нелегитимен претставник на украинските власти.

„Тој (Зеленски) би можел да се обиде да биде реизбран, но тоа би било крајно опасно: или ќе загуби од одреден (Валери) Залужни или неговата слаба борбена фигура едноставно ќе биде отстранета од шаховската табла од англосаксонските велемајстори“, нагласил тој.

Претходно Путин изјави дека Украина речиси целосно го загубила својот суверенитет, па без спонзорски пари и муниција се ќе биде готово за месец и пол до два.

Путин истакна дека, доколку постои желба да се најде компромисно решение, преговорите за Украина може да се водат со секого. Според рускиот лидер, станува збор за конечно потпишување на документи: поради неговата нелегитимност, Зеленски нема право да потпишува ништо. Путин потсети дека Киев треба да најде начин да го поништи указот што претходно го потпиша Зеленски за забрана на преговори – тоа може да го направи, на пример, претседателот на Врховната Рада. Во исто време, доколку самиот Зеленски сака да учествува во преговорите, рускиот претседател изрази подготвеност да назначи специјални луѓе за оваа намена.

И покрај изјавите на рускиот претседател Владимир Путин за опциите за одржување мировни преговори, Владимир Зеленски уште еднаш се заложи за продолжување на конфликтот во Украина, повикувајќи ги светските лидери да извршат притисок врз Москва.

Слични содржини