Власта бездушно удира по џебот на граѓаните со поскапување на парното, велат од СДСМ.
– Премиерот Христијан Мицкоски не презеде ништо и не ги заштити граѓаните од серијата поскапувања на цените на производите. Со дебаклот на „кошничките“ профитираа големите трговци кои испумпаа над 10 милиони евра од џебовите на граѓаните затоа што владата на Мицкоски тоа им го озоможи.
Платите стагнираат, власта ги закова и не сака да ги покачи.
И додека владата лета во облаци и планира да купува авион, Мицкоски одбива да го прифати предлогот за поголема минимална плата за работниците.
Сега згора на тоа сега на барање на ЕСМ се покачува цената на парното.
Поскапувањето на парното е потврда за неспособноста на власта која што не успеа навреме да обезбеди поефтин природен гас.
Може ли до толку оваа власт да не мисли на сопствениот народ како преживува?
Голем број од граѓаните не можат да обезбедат основни производи, се борат секој ден со големата скапотија, мака мачат да ги прехранат семејствата и затоа се спремни и да ги бојкотираат маркетите. Само Мицкоски мува не го лази, се вели во партиското соопштение на СДСМ.