Путин постави нов ултиматум

од Milan1
106 прегледи

Додека војната на теренот продолжува, Кремљ води и интензивна дипломатска и пропагандна војна. Путин, наводно, поставил нов ултиматум: Русија нема да го признае мировниот договор доколку претседателот Володимир Зеленски го потпише во име на Украина. Рускиот претседател го повтори своето тврдење дека Зеленски повеќе не е легитимен лидер на Украина бидејќи неговиот мандат истекува во мај 2024 година.

Путин наведува дека не е против Зеленски како учесник во преговорите, но инсистира дека нема статус на рамноправен соговорник. „Доколку сака да учествува, ќе одредам луѓе кои ќе ги водат тие преговори“, изјави рускиот претседател, кој е обвинет од меѓународниот суд за воени злосторства.

Путин исто така побара Украина да го поништи указот на Зеленски за забрана на преговори со Русија, но додаде дека тоа не може да го направи Зеленски, туку претседателот на украинскиот парламент, Врховната Рада. Украина го смета овој ултиматум за неприфатлив. Зеленски одговори дека Путин „прави се за да ја продолжи војната“ и всушност се плаши од преговори. „Постои шанса да се постигне вистински мир, но Путин прави сè за да продолжи со убиствата или да се одмори за да подготви нова инвазија“, рече Зеленски.

Слични содржини