САД му продаваат оружје на Израел во вредност од милијарда долари

од Milan1
24 прегледи

Планираните испораки на воена опрема за Израел од страна на САД вклучуваат 4.700 бомби од половина тон и оклопни булдожери, во вкупна вредност од речиси една милијарда долари.

„Волстрит џурнал“ вчера објави дека администрацијата на Трамп побарала од конгресните лидери да одобрат испорака на бомби и друга воена опрема за Израел во вредност од речиси една милијарда долари, бидејќи Белата куќа се обидува да одржи кревок прекин на огнот во Појасот Газа, според американски официјални претставници запознаени со овие испораки.

Цитирајќи ги истите официјални лица, во извештајот се вели дека планираните испораки на оружје вклучуваат 4.700 бомби од половина тон, вредни повеќе од 700 милиони долари и оклопни булдожери произведени од „Caterpillar“, во вредност од најмалку 300 милиони долари.

Кон крајот на минатиот месец, американскиот портал „Аксиос“ објави изјави на тројца израелски функционери дека Трамп му наредил на Пентагон да ја прекине суспензијата наметната од администрацијата на неговиот претходник Џо Бајден за испорака на бомби од 900 килограми во Израел.

Израелските власти соопштија дека 1.800 бомби MK (Mark) 84 од САД ќе бидат натоварени на брод и ќе бидат испратени во Израел во наредните денови.

Слични содржини