Запалени 26 тони дрога во Авганистан

од Milan1
21 прегледи

Полицијата во провинцијата Хелманд во јужен Авганистан во серија операции заплени повеќе од 26 тони нелегална дрога, а потоа јавно ги запали, соопштија денеска локалните власти.

Портпаролот на локалната полиција Езатула Хакани изјави дека запленетиот опиум, хашиш и нелегална опрема што се користат за производство на хероин биле откриени за време на операциите спроведени во областа Бахрамча.

Тој рече дека провинцијата Хелманд ќе биде „исчистена од дрога“. Привремената авганистанска влада, која го забрани одгледувањето афион, производството и трговијата со дрога, вети дека ќе се бори против оваа закана додека Авганистан не стане земја без дрога.

Слични содржини