Европските берзански индекси главно бележат пад, на пазарите растат цените на златото и пченицата

од Илинка Илиоска
22 прегледи

Денеска европските берзански индекси се претежно во пад, американските индекси се во пораст, а на пазарите истовремено пораснаа и златото и пченицата.

Индексот DAX на Франкфуртската берза во 9:30 часот падна на 21.425,08 поени, францускиот CAC 40 на 7.895,58 поени, московскиот MOEX на 2.893,06 поени, додека британскиот FTSE 100 се искачи на 8.571,39 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 44.556,04 поени, индексот S&P 500 на 6.037,88 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 19.654,02 поени.

Слични содржини