28
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и општата мобилизација во Украина, објавено е на веб-страницата на украинскиот Парламент.
Вонредната состојба и општата мобилизација во Украина се продолжени за 90 дена, од 8 февруари до 9 мај, пренесува Укринформ.
Русија на 24 февруари 2022 година започна напад врз Украина. Истиот ден во земјава беше воведена вонредна состојба и беше прогласена општа мобилизација – до 26 март. После тоа, Парламентот 13 пати ја продолжи вонредната состојба и општата мобилизација, потсетува украинската агенција.